17 July 2009

village LAZAROPOLE




Where is Lazaropole?

On a plateau at Mount Bistra, surrounded by beech and oak forest, at 1,350 m altitude, is situated one of the highest settlements in Macedonia, the village of Lazaropole, the second largest in the region of Mijaks. There are about 400 houses in the village. The older ones reveal the traces of the Mijach highland building style. The village was the birthplace of numerous Macedonian authors, educators, carvers, teachers, fresco and icon painters, and constructors. Especially picturesque are the village church of St. Giorgi, built in 1838, and the small churches in the forests near the village.A visit to Lazaropole will adorn the soul with an unusual peace and calmness, will fill the eyes with the view from Sokolica of the summits of Krchin, Korab, and Stogovo. It will make you sense the odours of the mountain flowers of Koritnik and it will clean your lungs with the unpolluted crisp air of Bistra. It is wonderful to visit Lazaropole in June, when the whole area is filled with the narcissuses' odours, or in September, when the entire forest is bathed with the rainbow colours of yellow, brown, reddish, green, pink... Or in winter, wit the icicles glittering from the village's roofs.

MORE INFORMATIONS ON.... http://lazaropolee.blogspot.com/









Иконостасот кој што е изработен во оваа црква претставува убаво уметничко дело, кое што со својата големина од 7 метри височина и 8 метри ширина делува мошне импозантно. Со него е направена преграда меѓу олтарот со проксомидијата и ѓакониконот и другиот дел на црквата. Оваа граница всушност ја претставува и границата меѓу световноста од една и продлабочената духовност на олтарот од друга страна.
Целиот иконостас е изработен од дрво, во поголемиот дел од ореовина. Одејќи од подножјето кон врвот тој се стеснува, за да заврши на самиот врв со прицврстен крст на кој е изрезбарен дрвен гулаб, кој во устата го држи кандилото кое при неговото спуштање имитира летање. Ова дава убава слика која што несомнено останува запаметена од посетителите на црквата. Иконостасот е дело на лазоровецот Наум Тајтински, кој заради говорната маана што ја имал - пелтечењето, од своите соселани го добил прекарот Пелтек. Во својата конструкција иконостасот содржи повеќе хоризонтални појаси на кои што се поставени иконите, а завршува класично со северна и со јужна врата.
податоци преземени од http://lazaropolee.blogspot.com/
Градењето започнало на 15 април 1832 година, кога во продолжение на веќе постоечката мала селска црквичка биле ископани широки темели за новата градба. Темелите биле осветени од селскиот свештеник поп Мартин Димкоски, најверниот соработник на ктиторот Ѓурчин Кокале.
податоци преземени од http://lazaropolee.blogspot.com/
Живописувањето на црквата во Лазорополе било конципирано помалку или повеќе во препознатливиот византиски стил, оставајќи да доминираат сцените од Стариот и од Новиот Завет, впрочем како и што бил договорот со Црковниот Одор. Особеноста што се сретнува во оваа црква се неколкуте реалистични фрески, кои што зографот Дичо ги насликал во црквата на кои што се среќавале ликовите на најважните ктитори на црквата Ѓурчин Кокале прикажан на две и поп Мартин Димкоски, прикажан на една фреска. На првата фреска Ѓурчин е прикажан како млад маж со густи мустаќи качен на коњ, облечен во мијачка народна носија, како отстрана му виси сабја-јатаган,на појасот има кубура, а на главата има црвен фес со пискул (туфна). На втората фреска тој бил прикажан во годините додека била сликана фреската 1838-1841, кога тој боледувал од здобиените рани од двобојот со одметникот Алија
податоци преземени од http://lazaropolee.blogspot.com/

































Лазорополе за прв пат се споменува во Кодиката (книгата на дарители) на манастирот Слепче, во втората половина на 15 век. Ова подоцнежно споменување на селото, за разлика од другите соседни мијачки села, зборува за тоа дека селото е од понов датум. Во прилог на тоа одат и зачуваните легенди и преданија меѓу самите лазоровци, а кои зборуваат за тоа дека селото е основано од човекот по име Лазар, кој успеал да го преживее погромот на своите поранешни соселани од Главино Село. Затоа и името на селото се вика Лазорополе. Но, не сите се сложуваат со етимологијата – потеклото на името на селото. Познатиот лазороски публицист Блаже Смилевски верува дека селото го добило името според старословенскиот збор лазор кој означува простор исчистен од шума. Меѓу самите лазоровци се зачувани спомените дека тие морале просторот на селото да го копачат од дабова и букова шума за да можат да добијат погодно место за градење на живеалишта. Како уште еден аргумент плус за оваа теза зборува и фактот што самите селани себе си се нарекуваат лазоровци, а не лазаровци и селото го нарекуваат Лазорополе, а не Лазарополе, како што би се очекувало доколку името би потекнувало од легендарниот Лазар.
податоци преземени од http://lazaropolee.blogspot.com/


MORE INFORMATIONS ON.... http://lazaropolee.blogspot.com/